Новости

Учествуваме на Чек Поинт Секјурити Деј


Во среда, на 28 септември на Техничкото велеучилиште во Загреб ќе се одржи конференција Чек Поинт Секјурити Деј (Check Point Security Day).

Конференцијата ја организира компанијата Чек Поинт која со своето портфолио на производи и решенија на корисниците им нуди квалитетна заштита против DDoS напади.

КИНГ ИЦТ како партнер на Чек Поинт, ќе се претстави со презентација под назив Чек Поинт решение за заштита против DDoS напади во кругот на даватели на телекомуникациски услуги. Предавањето ќе го одржи Фрањо Ребац, раководител на Одделот за мрежа и мрежна безбедност.

На предавањето ќе биде претставено Чек поинт решение и концептот на ефикасна заштита против DDoS напади, наменети за заштита на ИКТ инфраструктура на даватели на телекомуникациски услуги, како и воведување на услуга за заштита на своите крајни корисници

Повеќе за темата на предавањето:
Веќе неколку години, сведоци сме на трендот на зголемување на фреквенцијата и интензитетот на DDoS напади како и нивната софистицираност. На нападите од поголем интензитет, насочени или кон нив самите или кон нивната ИКТ инфраструктура или кон нивните крајни корисници, повеќе не се имуни ниту давателите на телекомуникациски услуги.

Доколку не постојат ефективни механизми за заштита, DDoS нападите предизвикуваат недостапност на деловни услуги а со тоа непосредно доведуваат до финансиски губитоци, носат лоша репутација и незадоволството кај крајните корисници.

Системот на заштита против DDoS напади има примарна задача ефикасно, точно и многу брзо да детектира, спречи и известува за DDoS напади. Затоа, кај давателите на телекомуникациски услуги се зголемува потребата, освен сопствената заштита и заштита на својата кор (core) ИКТ инфраструктура, во рамките на портфолиото да понудат и услуга на заштита од DDoS напади (т.н., clean pipe услуга).