Новости

Учествувавме на Денови на кариера РИТ во Дубровник и Загреб


Компанијата КИНГ ИЦТ учествуваше на Деновите на кариера што за своите студенти ги организира Рочестер институтот за технологија. Оваа година Деновите на кариера се одржаа на 3 март во Дубровник и на 17 март во Загреб.

На настанот во Дубровник, нашиот водител на Јава тимот Александер Радован учествуваше во дискусијата на тема колку е важно за студентите да имаат вештини во различните области на ИТ и колку тоа се вреднува при вработувањето.

Во Загреб, директорот за испорака на софтвери во КИНГ ИЦТ Роко Роиќ учествуваше на панел-дискусијата за новите трендови во ИТ-индустријата.

Освен со активно учество на предавања и панели, КИНГ ИЦТ се претстави со свој штанд, каде што, преку посета на истиот, студентите можеа да добијат повеќе информации во врска со потенцијалното вработување во КИНГ ИЦТ.