Новости

Втората Чеинџ (Change) конференција во Загреб собра светски ИТ- експерти


Второто издание на софтверската конференција „Change“, во конференциската сала на фабриката Краш, собра 400 експерти од ИТ-светот. Меѓународните предавачи (27 предавања и 28 предавачи) ја потврдија улогата на „Change“, како конференција, која ги поврзува членовите на ИТ-индустријата од различни области, без разлика на нивната улога, програмскиот јазик или компанијата.

Конференцијата беше отворена од Пламенко Баришиќ, претседател на Управата на компанијата КИНГ ИЦТ, кој се осврна на моменталниот статус на заедницата и на правецот на нејзиното движење: „Девелопери се натпросечни и реактивни индивидуи кои прифаќаат различност што резултира со иновации во нашите заедници и во општеството воопшто. Нашата конечна цел е да се произведува квалитетен софтвер кој создава заедничка вредност, затоа сме тука за да споделиме искуства, да размениме сознанија и да дојдеме до некои нови идеи.“

Овогодишниот „Change“ беше ориентиран кон микросервиси, клауд, вештачка интелигенција и машинско учење. Програмата на конференцијата започна со Ред Хатов Едсон Јанага (Red Hatov Edson Yanaga) кој се осврна на денешните софтверски тенденции на речиси сите големи компании: Софтверот е гориво на новите дигитални компании, затоа се прашуваме како можеме уште побрзо да испорачаме софтвер и притоа да оствариме дополнителна вредност?

Отворањето на третиот дел се покажа како полн погодок. Во овој дел воведно предавање одржа Ралф Ван Русмален (Ralph Van Roosmalen) кој на посетителите им објасни како со помош на Агилеа би се унапредила соработката во еден мултифункционален тим и како би дошло до оптимизирање во поглед на продуктивноста. Сепак, агилните вредности не беа единствената тема на овој дел. Посетителите имаа можност да ги запознаат тајните на доброто пишување и комуникација благодарение на главниот уредник на Нетокрација Иван Брезак Бркан: „Поквалитетното пишување придонесува за подобра комуникација со колегите, клиентите, менаџерите и со корисниците, како и за подобар квалитет на производите.

Напредокот од регионални кон меѓународни предавачи беше видлив на секој чекор, најмногу благодарение на соработката со белградскиот Воксед дејс (Voxxed Days), со кој „Change“ги споделуваше некои од предавачите како што е Крис Вард (Chris Ward), кој држеше предавање на тема „Дали сме осудени на пропаст?. Во ова, на прв поглед, песимистичко, предавање, харизматичниот предавач го испитува технолошкиот напредок и неговата корист: „Последниот век доведе до неверојатен скок во квалитетот на животот, меѓутоа дали е тоа проклетство или благослов? Би кажал дека зависи од начинот на кој ја користиме технологијата. Во крајна линија, верувам во човечкиот напредок, па затоа развивајте и работите на подобри софтвери и решенија", порача Крис.

Девелоперскиот дух на конференцијата се чувствуваше на секој чекор благодарение на предавачите кои доаѓаат, сите по ред, од познати ИТ-компании, како што се: Мит Атамел (Mete Atamel) (Google), Гертџан Виленга (Geertjan Wielenga) (Oracle), Ендрју Грегориќ (Andrew Gregorić) (Paypal) и Миљенко Цвјетко (Microsoft).

Овогодинешната содржина на „Change“ конференцијата се кроеше врз основа на минатогодишните повратни информации, па не изненадува што посетителите повторно ги видоа минатогодишните најдобро оценети предавачи, како што е Виктор Фарчиќ.

Темите како што се социјалните мрежи и поврзаноста, не го заобиколија ниту „Change“, но во сосема поинаква форма. Директорот за содржините на конференцијата „Change“, Роко Роиќ, во соработка со стартапот AG04, под водство на еден од предавачите на „Change“, Анте Радош, го осмислија таканаречениот „real time social network“ (социјална мрежа во реално време), користејќи bluetooth beacone за да се поврзат посетителите на конференцијата на еден сосема поинаков начин. Благодарение на иновативната технологија, посетителите имаа можност да видат кој од учесниците на конференцијата споделува исти интереси.

Меѓународните предавачи, различните теми, иновативните технологии и невидениот интерес на публиката, придонесоа „Change“ конференцијата да стане незаобиколен дел од ИТ-заедницата во Хрватска и во регионот.