Новости

Заврши проектот за техничка помош ИПА 2011 во Агенција за плаќања во земјоделството


Во четврток - 12 мај 2016 година, свечено е одбележано завршувањето на проектот за техничка помош ИПА 2011 „Јакнење капацитети на хрватската Агенцја за плаќања, во подготовка за новите ЗПП и ЗРП-реформи“ во кој КИНГ ИЦТ учествуваше како дел од конзорциумот  за реализација на ова сложена задача.

Целта на проектот беше да се заврши подготовката на хрватската јавна управа и на институциите во земјоделскиот сектор, со цел да се обезбеди спроведување на реформата на Заедничката земјоделска политика (ЗПП) и Заедничката политика во рибарството (ЗРП) во Хрватска во програмскиот период 2015-2020.

Претходно, КИНГ ИЦТ беше дел од конзорциумот кој за Агенција за плаќања, во рамките на проектот за техничка помош ИПА 2007 „Зајакнување на капацитетот на Агенција за плаќања“, со прецизно дефинирани критериуми, воспоставил  Интегриран административен и контролен  систем  (ИАКС), преку кој сите земји-членки на ЕУ ги примаат, обработуваат и контролираат директните плаќања на земјоделците.

Проектот Техничка помош ИПА 2011 беше продолжување на надградбата на интегрираниот административен и контролен систем, со кој КИНГ ИЦТ покажа компетентност во оваа област, а и го потврди стратешкото партнерство на компанијата со Агенцијата за плаќања, со изградба на систем преку кој оваа година  на земјоделците им се исплатени субвенции од 3,4 милијарди куни .

Исплатата на субвенции се врши преку сложена постапка во која секоја промена на видот и обемот на субвенцијата треба да се направи преку компјутерски систем. Според проценките на меѓународните експерти од агенции за плаќање во земјоделството, Хрватска е на врвот во однос на квалитетот на самиот систем, за што  Агенцијата за плаќања му дава заслуга на КИНГ ИЦТ.

Приспособување на системот на Агенцијата за плаќања во согласност со реформата на европската земјоделска политика

Во проектот што заврши, КИНГ ИЦТ направи приспособување на информатичкиот систем кој Агенцијата за плаќање требаше да го реализира по сеопфатната реформа на Заедничката земјоделска политика на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година.

Врз основа на целосната ревизија на системот за администрација и контрола на директните плаќања и плаќања за рурален развој, реализирана е надградба на сите потребни модули.

Сите неопходни промени во системите АРКОД, АГРОНЕТ, како и во други административни и контролни модули, успешно се имплементирани, а со тоа земјоделците, вработените во подрачните единици и инспекторите ќе можат да користат повеќе функционалности во однос на првобитната верзија на системот.

Времетраењето и вредноста на проектот за техничка помош

Проектот за техничка помош траеше 24 месеци. Договорениот буџет за овој проект е 1.419.860,00 евра, од кои 90 % е финансиран од ИПА програма и 10 % е финансиран од страна на Република Хрватска.

КИНГ ИЦТ беше дел од конзорциумот за реализација на проектот предводен од институцијата ЦСИ Пиемонте  (CSI Piemonte).

Корисни линкови:

APPRRR: Svečanost zatvaranja IPA 2011 programa: Projekt tehničke pomoći "Jačanje kapaciteta hrvatske Agencije za plaćanja u pripremi za nove ZPP i ZRP reforme"